Во кратко соопштение медиумската мрежа Ал Џезира образложува дека одлуката да престане со емитување на Ал Џезира Балканс е дел од поширока стратегија за зајакнување на нејзиното дигитално присуство и проширување на нови медиумски платформи. Од саботата, 12 јули со последните вести во 12:25 часот, беше исклучена опремата со која се емитуваше програмата од централното студио во Сараево, со регионални центри во Загреб, Белград, Скопје и Подгорица, дописници во Приштина, Ниш, Бања Лука, како и Вашингтон, Лондон и Брисел.
„Ал Џезира изразува најдлабока благодарност до менаџментот, новинарите, персоналот, партнерите и лојалните гледачи на Балканот за нивната поддршка и доверба. Додека мрежата се впушта во проширување на своето дигитално присуство, Ал Џезира потврдува дека ќе остане посветена на известување за Балканот и регионот на други платформи“, пишува во соопштението.
Бројни се реакциите за затворањето на медиумот кој работеше под мотото „Им даваме глас на безгласните“. Над 250 вработени остануваат без работа на крајот од јули. Првиот директор на вести на „Ал Џезира Балканс“,, познатиот новинар Горан Милиќ каде што бев прв директор на програми и вести кој остана на таа позиција од 2011 до 2016 година, повикува на зачувување на архивата, а има и порака до колегите.
„Иако долго време не работам за AJB, чувствувам потреба да се придружам на овој голем број луѓе на кои им е жал што ги изгубиле своите работни места, што програмата на AJB е затворена, како и на некои други проекти на мрежата Ал Џезира. Но, од друга страна, како новинар кој долго се сеќава, им порачувам на моите помлади колеги да не губат премногу време жалејќи за изминатите години, туку да останат амбициозни и самоуверени во своето знаење и да продолжат понатаму. Годините поминати во Ал Џезира, ќе видите, ќе бидат одлична референца за вас. Не секој мисли како Бен Гвир дека Ал Џезира е „терористичка“. Она што би го сакал овие денови е да се обезбеди зачувување на огромната архива на AJB, која во некое идно време ќе биде добра основа за дискусии за тоа какви бевме, што правевме, што фалевме и што критикувавме“, напиша Милиќ на Фејсбук.
Затворањето на Ал Џезира Балканс беше изненадувачка вест дури и за луѓето во новинарството во регионот. Телевизијата е сопственост на една од побогатите држави во светот – Катар, па според тоа како неверојатни беа прифатени информациите дека причина за затворањето се финансиските. Новинарските организации и фелата жали од овој турбулентен регион си заминува уште еден светски и високо професионален медиум, по посегнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп по Гласот на Америка и Радио Слободна Европа.