МВР информира за тројца пијани возачи.
-На 13.07.2025 во 21.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.Б.(65) од с.Лисец тетовско, кој управувал товарно возило ,,Фиат Добло” со тетовски регистерски таблици под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.06% промили алкохол во крвта. Исто така, на 14.07.2025 во 04.10 часот на улица „Илинденска” во Тетово, од слобода бил лишен и Ф.И.(34) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв” со тетовски регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.67% промили алкохол во крвта. На 14.07.2025 во 00.30 часот на експресен пат Градско-Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.С.(47) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.88 промили алкохол во крвта и го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Д.С. е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител, информираат од МВР.
По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.