Во најновото издание на „Стадион“, една од темите на разговор е загадувањето и состојбата со животната средина генерално во Македонија каде гости се Јане Димески од „Шанса за Центар“ и Драгана Велковска од „Зелен хуман град“.
„Решение кое ние го предлгаме е поставување на соларни панели на секоја јавна институција, на зградите и куќите, сите покриви можеме да ги покриеме со панели. Ние не сакаме луѓето во Македонија да бидат зависни од монополи. Да се овозможи секој на куќата да си произведува струја од сонце и тоа што му е вишок да го враќа по фер цена во мрежата“, рече Велковска.
Таа е на став дека не треба да се дозволи граѓаните да бидат енергетски сиромашни.
„Да не се случува секоја зима во една соба граѓаните да се топлат, а во другите соби да им биде ладно. Во текот на зимата нема сонце, но решението е интегриран систем заедно со компостари кои би го обработувале целиот органски отпад кој постои во нашите општини, ќе се создава био гас и тие централи во комбинација со панели на крововите ќе создаде систем кој ќе генерира вистински обновлива енергија која ќе обезбеди граѓаните да излезат од енергетска сиромаштија“, децидна е таа.
Погледнете го целото издание на емисијата „Стадион“ во видеото: