Законската рамка во Македонија цело време се посочува како една од добрите ретки работи, но нема кој да ги спроведува тие закони, вели Јане Димески во денешното издание на емисијата „Стадион.
Една од темите на разговор денес беше загадувањето и животната средина.
„Законите можат да бидат и подобри, но проблемот кај нас е што истите не се спроведуваат. Овие закони кои ги имаме сега се доволна рамка за државата и општините да се борат против загадувањето на воздухот, да го заштитат зеленилото, да спречат пожари на отворено и во град. Не се спроведуваат и нема кој да ги спроведе“, рече Димески.
Тој додаде дека на Скопје му треба уште зеленило поради степенот на загадување на воздухот.
Погледнете го целото издание на емисијата „Стадион“ во видеото: