Владечката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на критиките од опозицијата околу финансирањето на претстојниот ЕКСПО настан, нагласувајќи дека со добро и одговорно управување со државниот Буџет може да се обезбедат средства и за тој настан, но и за сите други важни потреби на граѓаните.
„Со добро раководење на Буџетот, има и за ЕКСПО, и за плати, и за повредените од Кочани и за модернизација на опрема за справување со пожари. На СДС им е чудно како е можно да има средства и за ЕКСПО, и за плати, и за повредените од Кочани и за модернизација на опрема за справување со пожари, бидејќи они беа навикнати на крадење и несоодветно трошење на пари од Буџетот. Ако работите чесно, транспарентно и одговорно ќе има средства за се“, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваше СДСМ, обвинувајќи ја поранешната власт за несоодветно трошење на јавни пари.
„Во време на СДС имаше средства само за луѓе блиски до СДС, Филипче и Заев“, стои во реакцијата.