Ансамбл „Студио Фолклор“ замина на 10 -дневна турнеја во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати на еден од најпознатите светски фолклорни фестивали ,Around the world.
На овој фестивал учествуваат над 10 земји од целиот свет, но секоја од групите настапува во различни периоди во текот на целото лето….

Нашиот ансамл настапува на големи престижни сцени, во Молови,секојдневно четири пати попладне по 10 минути е една кореографија, од 17-21 часот навечер, поради високите температури… Голема е посетеноста од тамошната публика и еден од ретките македонски ансамбли кој настапил во оваа земја, а прв на овој фестивал….
Во Абу Даби тие се преставуваат со познатите кореографии „Роненка“, „Седенка“, игри од Источна Македонија и „Драчевка“. Сето тоа е презентирано во автентично традиционални македонски оргинални костими.

Освен Абу Даби тие ќе го псетат и Дубаи, пустината во Абу Даби и многу други познати локалитети во Емиратите….