Никола Станишиќ по победата во „Ѕвездите на Гранд“ заедно со Цеца кажаа дека бидел супер тандем цела година, а Цец откри дека по несреќата во Кочани тој сакал да се откаже од напреварувањето.
Кога се случи трагедијата во Кочани Никола сакаше да се откаже. Ми се јави и ми рече дек нема да продолжи бидејќи имал трагедија во семејството. Но, јас бев таа која буквално го убедив да се врати и дека со ништо не може да ја смени состојбата.

То е нешто што го потресе целиот Балкан и светот, но дека може со својата песна да ги допре сите срца, бидејќи тоа тој го заслужува со својот талент. Среќна сум заради Никола, тој тоа го заслужува, како млад и талентира. Како некој кој не беше во центарот на внимание ама секогаш беше почестен со шески. А не е лесно тука да се добие шеска. Бевме добар тандев, многу среќа му посакувам и се што постигна заслужува, откри Цеца.
Никола во настапите на финалната вечер се појави со маичка „од срце за Кочани“ и им се поклони на жртвите. На крајот на последниот настап ја отпеа „Бисер балкански“.
-Пеев македонски песни, бидејќи јас тоа го сакам а и затоа што Цеца ја сака Македонија. И еве успеавме. Имав голема поддршка од цел Македонија и очекував да победам. Цеца навистина ме советуваше да пеам македонски песни и како што гледате доа ме доведе со победа, рече Никола и откри дека со Цеца се договориле кога же се жени таа да му ја пее „Ако те она одбие“, бидејќи му била омилена песна.
Никола е син на Срѓан Здравковиќ, кој се натпревауваше во „Никогаш не е доцна“, а Никола му беше поддршка.