Пијан маж од Злетово со автомобилот излетал од патот.
-На 02.07.2025 околу 20 часот на регионалниот пат село Лесново- Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово. Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк”, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.