Во денешното издание на емисијата Стадион гостин е Раби Седрак од Институтот за меѓународни стратешки и безбедносни студии, кој во своето излагање рече дека тој самиот смета дека Третата светска војна е веќе одамна започната:
- Јас мислам дека Третата светска војна е веќе две години во тек. Само нашата перцепција на војна, ја замислуваме со оружје со бомби, ракети, авиони. Долго време има нестабилнст на цела планета, од промените во светската економија, енергетската политика, трговските, емиграциските, демографските промени кои се случуваат во светот. Овие индикатори велат дека ова е трета светска војна. Ефектот на displacement е ист како во двете светски војни. Го гледаме тоа и во Украина, Русија, Израел и Иран. Следната фаза може да дојде до деструктивниот дел од глобален судир, како завршна фаза на тој конфликт, вели Седрак.
Тој смета дека она што се случува на терен и она што се зборува во меинстрим медиумите се две сосоема различни работи. Според Седрак, клучниот момент во ексалацијата на светската сцена е во она што ќе го направат САД во следните денови и недели:
- Тоа што се случува на терен е една работа, она што го гледаме на меинстрим медиумите е друга работа. Ако го гледаме тоа што се зборува во медиумите, дека во рок од 2 недели САД ќе одлучат дали ќе се вклучат, тоа прави специфична општа ситуација, бидејќи однапред знаеме дека Трамп е непредвидлив во своите одлуки. Ова може да е стратешка измама, знаете дека еден твит од него може да направи големи промени во економијата во светот, како што видовме. Така да, изјави дека треба жителите на Техеран да го евакуираат градот, ова некој го гледа како неодговорни изјави, другите го гледаат како стратешка измама за да има влијание на процесите. Америка има над 30 бази на Блискиот исток, а има и малце контроверзни моменти, како на пример Нимиц носачот на авиони со 60 борбени авиони, над 5000 персонал, овој носач на авион ќе излезе од употреба во април 2026. Ова отвора нови прашања. Дали намерно го влечат таму, па намерно да биде погоден, па да тоне, да го жртвуваат како тригер за нешто поголемо. Има различни анализи и мислења и ќе видиме како ќе биде. Гледаме дека опциите што ги има Америка на маса, најпаметна опција секако е да се избегне целиот овој хаос. Само Америка има способност за војување, многу тешката опција за конвенционална војна. Друга опција се специјални единици со многу прецизна операција за затворање на нуклеарните реактори и би се завршила работата на многу понизок профил и со тоа би се избегнало нешто многу поголемо. Целата работа потсетува на она што се случуваше во Ирак, каде испадна дека нема оружје за масовно уништување. Но, клучна е проценката на Трамп, дали ќе ја земе предвид инфорамцијата од меѓународните фактори дека Иран нема нуклеарно оружје или она што го зборува на пример Израел, дека Иран развива такво оружје, заклучува Седрак.
Целата емисија Стадион можете да ја гледате на јутуб: