Видео од двајца полицајци кои имаат секс во патролно возило во Ларнака во вторник попладне (17.6.2025) предизвика бурни реакции на кипарската јавност.
Двајцата полицајци кои имале секс во патролното возило ќе бидат суспендирани, додека според соопштението од кипарската полиција, дадени се упатства за кривична и дисциплинска истрага за овој невиден случај.
„Дадени се упатства за проверка на неговата автентичност, со цел да можат да се извршат други релевантни проверки. На прв поглед, видеото изгледа дека е вистинско и затоа се дадени упатства за кривична и дисциплинска истрага за настанатите прекршоци. Како резултат на тоа, двајца припадници на полицијата ќе бидат суспендирани“, се наведува во соопштението.
„Се нагласува дека ваквите постапки и однесувања се неприфатливи бидејќи тие исто така ја навредуваат работата на нашите илјадници членови кои служат на должност“, заклучува Кипарската полиција.
Полицајците наводно имале вонбрачна врска, додека и двајцата биле во брак. Полицајката според некои извори, е мајка на неколку деца.
Инцидентот наводно се случил додека биле на должност, поради што двајцата биле суспендирани.
Видеото и фотографиите се направени од граѓанин во Ларнака кој го видел патролното возило на поле и било јасно дека полицајците не истражувале случај, туку имале секс пред патролното возило што го користи полицијата на Кипар и тоа на видно место. Очигледно, не им било гајле дали луѓето ги гледаат.