Изминатата ноќ инспектори и полицајци спровеле контроли во угостителски објекти во Штип и Струмица, при што се најдени повеќе неправилности.
Инспектори од УЈП и Пазарниот инспекторат во придружба на полициски службеници во угостителски објект во Штип затекнале 17-годишно малолетно лице од Штип, кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок.
- За ова ќе следат соодветни поднесоци. Исто така при контролата од страна на полициските службеници кај лицето А.С. (29) од Струмица посетител на објектот е пронајдена и одземена една зипер кесичка со Н.Н бела прашкаста материја, лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно чл. 215 од КЗ на РСМ, информира МВР.
Како што соопшти полицијата, утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект во Струмица ја извршувало дејноста без потребните лиценци утврдени со закон, а пак од страна на инспекторите од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи констатирани се недоследности од нивна надлежност за што изречени се соодветни мерки.