„Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани денес во Скопје почна пред Јавното обвинителство. Пред да продолжат пред Собрание на новинарите, во името на сите, им се обрати Владимир Апостолов, татко на загинато дете.
Неговото обраќање, кое беше поддржно од присутните, ви го пренесуваме во целост:
-Дали е ова државна институција? Не е! А дали знаете што е држава? Ние луѓето сме држава. Ова е партиско дувло, ВМРО-вска институција, бизнис картелска институција. Пред тоа беше на СДСМ и којзнае на кого. Не лажат дека е многу тешко да се докаже верижната одговорност. Лаик сум за право ама најчлаички ќе ви кажам. Најкриви за се, па и за убиствата на децата се ЈО и МВР. ЈО дали еднаш има по допрен глас излезено а има обврска. Ниеднаш. Не се само овие 62 деца, уште скоро 200 деца кои доживотно ќе останат инвалиди и физички и психички. Дали овој фраер т.н јавен обвинител само по партиски потреби и шизикот Тошковски се најкриви за ова. А ние граѓаните им ги купивме фотељите за да седнат. Дали направија ревизија за нивните претходници. Дали Заев, најголемиот криминалец е затворен? Не е! Дали Крсто Муковски е затворен? Не е! Затоа, овие говеда,како што ги викаат мајките, да излезат од државна институција, вие сте узурпатори. Ние сме државата. Ве плќаме со илјадници евра да правите криминали. Стоки! Барем еднаш да излеговте по допрен глас немаше вака да ги гледаме нашите деца мртви. Сите да излезете од таа зграда и да не ги манипулирате лугето и да го контаминирате овој марш. Дојдовме со душа, срце, со Бога дојдовме. Ни убивте се ама Бог во нас не го убивте.

Ги повикувам сите студенти да ни се приклучат. Господата ги плакаме со илјадници евра, а студентите живеат во скапани студентски домови, поопасни од онаа штала од диско. Додека оние свињи пратеници, тешки ноторни свињи лапаат камили, ајкули и имаат пари за рејтинг за 400.000 евра на ден пред погребот на децата. Џабе ви се. Сите да си дадете оставка, да ги напуштите узурпирните државни институции. Вие плаќате се за да можат овие говед да зимаат месечно по илјадници евра, да си местат тендери, нивните фирми само да работат. Се извинувам за зборовите ама излегуваат од мене. Бидејќи ви ја кажав верижната реакција и бидејќи не знаат кој да апсат ние направивме список.
Прво Коцевски, кој ќе го апси него? Пред него бил Љубомир Јовески, па Марко Зврлевски. Дали се уапсени? Не се! Панче Тошковски! Кај се началниците што си ги постави? Дали тие началници се приведени? Не! Дали е приведен Оливер Спасовски, Наке Чулев, Оливер Андов, Нухиу, Митко Чавков, Гордана Јанкуловска Дали се уапсени? Не!
Министерство за економија? Бесар Дурмиши од Беса, Дритон Кучи, Беким Незири и Ваљион Сарачини од ДУИ!
Ги повикувам сограѓаните Албанци да дојдат со Куранот во рака! И од нивниот Бог ќе бидат благословени, а и од нашиот.
ДПИ! Влатко Стојковски, Горан Трајковски, Анета Симовска Димевска, Стојко Пауновски, Исен Шабани, Виктор Демирџиев, Кирил Миновски, Елизабета Чингаровска. Тоа се тие директори на ДПИ.
ДЗС! Шабан Салиу, Џевад Селмани, Беким Максути, Аднан Џаферовски, Дали се уапсени? Градоначалниците на Кочани! Љупчо Папазов, вмровски полтрон, кој си го наруши угледот на фамилијата. За каков човек станува збор? Со вакви мизерии сега ќе се бориме. Николчо Илиев, Ратко Димитровски! Не знаеле што се случува! Барем една проверка да направеа. Имаме информации дека пуштиле допис до МВР ама нашиот глас не се важи, партискиот се важи. Абе партијата не ве плаќа, ние ве плаќаме. Еден по еден да си дадете оставка. Не ве тепаме, не сме убијци како вас. Само одете си. Ако ви е тешко да докажете марш да ве нема.
Ја повикуваме и АРМ, сите генерали чесни под итно да си ја превземат граѓанската власт и да спроведе експертска Влада.
МАНУ каде е? Не бива вака. Ова е веќе крај на државата. Дали мислите со вакви глувци ќе биде подобро! Нема да биде. Се дрзнаа пред погребот да си платат со наши пари 400.000 евра, да си одредуваат рејтинг! Каков рејтинг бе! Па тоа треба да го спроведуваат нормални луѓе а не идиоти, не криминални банди. Од што се плашите? Што може да ни земат? Што повеќе од ова? Уште волку ли деца треба да дадеме?
Бидејќи не сметате за провинцијалци и сељаци и неписмени да ви кажеме дека токму провинцијалците и сељаците ќе ве извадат од овие институции. Не да ве тепат, туку да ве избркаат и веќе да не влезете во нив. Направите шупи од нашите градови.