Во деновите кои следат во сите основни и средни училишта во Струмица ќе се одржат вежби за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе бидат организирани со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица. Како што најавуваат од Општината Струмица, вакви вежби ќе се одржуваат еднаш неделно со цел секое дете и персоналот да бидат подготвени и да знаат како да се заштитат.
Во неделата што помина, беа одржани и серија состаноци со општинските инспектори, претставниците на Секторот за урбанизам и комунални работи и Даночното одделение при Општината Струмица, при што се договорени вонредни контроли на сите угостителски објекти.
Ќе се прави проверка на сите дозволи, решенија и согласности коишто треба да ги имаат од општинските органи.
-Таму каде што ќе се утврдат неправилности, а за кои ние сме надлежни, дури и кај што немаме надлежност како Општина ќе ги известиме државните органи, ќе им дадеме рок да се поправат, доколку тоа не го направат, ќе бараме да бидат затворени. На состанокот донесовме заклучок дека ниту еден клуб за кој Министерството за економија издало согласност, а која не одговара со намената во Секторот за урбанизам, ќе следува соодветна пријава во СВР Струмица и Пазарната инспекција и кои ќе треба да одговорат како и зошто им дале лиценци за работа, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов.
Претставниците на општинските органи се на став дека само со професионално извршување на работните задачи и обврски и со почитување на законските обврски за создавање на безбедна заедница.