На 30 октомври 2015 година, пожар однесе 64 животи во клубот „Колектив“ во Букурешт, поранешна фабрика. Има многу сличности меѓу настаните од Букурешт и Кочани. Основните се дека пожарот и во „Пулс“ и во „Колектив“ избувнал од огномет предвиден за надворешна употреба, кој го запалил ентериерот, а пламените брзо се прошириле поради леснозапаливиот звучноизолациски материјал во клубот. Огномет кој го запалил вискозапаливиот полиуретанскиот сунѓер што се користи за звучна изолација на столб од зградата. Пламенот многу брзо се прошири низ клубот, предизвикувајќи повреди – во некои случаи фатални, преку согорување , задушување , труење со јаглерод моноксид и други гасови – на значителен број од присутните на концертот.
Втората идентичност е големиот број на жртви. Во Кочани се 59, во Букурешт бројката се искачи на 64 иако на местото биле 27, за во следните недели и месеци да починат уште 37 луѓе како последици од пожарот, но и лошиот третман. Следеа масовни протести по што, премиерот Виктор Понта и целата влада како и градоначалникот на Секторот 4, Кристијан Попеску Пиедоне , поднесоа оставки на 4 ноември 2015 година.
Се чини, сепак, македонските здравствени власти извлекле поука од романскиот случај, па сите потешки случаи беа префрлени во странските болници.
Како што пишуваат романските медиуми, тогашната траума ги извади луѓето на улица и ја урна Владата. Револтот дојде откако ранетите почнаа да умираат, не само од изгореници, туку особено од инфекции добиени во болниците, додека челниците на државата удираат во гради со тупаници дека ништо не ни недостига и жртвите може да се третираат нормално. Властите тврдеа дека Романија има сè што е потребно и не сакаа да ги испраќаат повредените во подобро опремени болници во странство. При тоа, никој не ги послушал советите дека во случаите на пациенти со изгореници, за безбеден транспорт се смета периодот од 48 до 72 часа. Тие мора да бидат прегледани од специјалисти, бидејќи од тоа зависи нивниот живот.
По повеќе од една недела по пожарот во „Колектив“, првите повредени беа префрлени во клиники во Холандија, Белгија, Израел, Австрија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.
По долго судење во мај 2022 година беше осуден градоначалникот на Сектор 4 во Букурешт Кристијан Попеску-Пиедоне беше осуден од Апелациониот суд во Букурешт на 4 години затвор за злоупотреба на службената должност. Казната му беше намалена за од досудените 8 години и 6 месеци што ја доби во Основниот суд. Освен што му беше преполовена казната, Пиедоне беше избришан и од списокот на обвинети кои мора да платат отштета од десетици милиони евра на настраданите во пожарот. Пиедоне беше обвинет дека ги потпишувал договорите и дозволите за работа на клубот „Колектив“ на начин што ги прекршил законските одредби за заштита од пожари, вклучително и со непочитување на одредбите за постлиценцирана контрола.
Во Романија со години политичарите ветуваат изградба на три Центри за изгореници. Но, и по 10 години, во земјата има 34 кревети – боксови за третман на изгореници.
-А ние немаме центри за лекување, бидејќи се градат три веќе 7 години. Во Темишвар, Букурешт и Муреш. Надлежните велат дека онаа на западот на земјата е завршена 60 отсто, а другите две се едвај 20 отсто. Сепак, надлежните од Министерството за здравство проценуваат дека тие ќе бидат готови до крајот на годинава, или најдоцна до почетокот на 2026 година, пишуваат романските медиуми.
Станува збор за ургентната клиничка окружна болница „Пиус Бринзеу“ Тимишвар (60% завршена), Детската клиничка болница „Григоре Александреску“ во Букурешт (20% завршена) и Ургентната клиничка окружна болница Таргу Муреш (20% завршена), информира Министерството за здравство.
Според цитираниот извор, проектот за овие центри, започнат во 2018 година, бил блокиран, „без никаков напредок“, на крајот на 2021 година, а по преговорите меѓу Министерството за здравство и Светска банка, тој бил обновен во 2022 година и продолжен до 2026 година.
Новите згради во изградба за главните центри за изгореници вклучуваат операциони сали, одделенија за интензивна анестезија и приемни единици за итни случаи и врската со постојниот UPU, во случајот со болницата во Таргу Муреш и детската болница во Букурешт.
Вкупната проценета вредност за постигнување на трите цели е приближно 220 милиони евра, а проценетиот рок за нивно завршување е крајот на 2025 година – квартал I/2026 година.
Паралелно почнаа и постапките за набавка на нова опрема за трите центри за третмани за пациенти со тешки изгореници.
Според истиот извор, финансиските потреби за опрема изнесуваат приближно 100 милиони евра.
По долгогодишно судење, сопствениците на „Колектив“ беа осудени на 6, 8 и 11 години затвор. Досието за болничките услови беше затворено изминатото лето. Роднините на жртвите од „Колектив“ поднесоа жалба на одлуката. И понатаму се жалат дека здравствените власти навреме не ги испратиле ранетите во странство.
Фото: Digi24.ro