Во Солун, во посета на тешко повредените од пожарот во дискотеката во Кочани пристигнаа министрите за надворешни работи и за здравство Тимчо Муцунски и Арбен Таравари. Како што јави Радиото Ми, двајцата се веќе во болницата „Папаниколау“, каде се лекуваат тројцата млади.
На влезот двајцата министри ги пречека заменик министерот за надворешни работи на Грција, Тасос Хаџивасилиу, а потоа влегоа во болницата за да се информираат за состојбата на тројцата пациенти со изгореници, две девојки и едно момче на возраст од 19, 25 и 26 години.
Во воената болница 424 во Солун се лекуваат уште две млади лица, исто така со сериозни изгореници, која подоцна ќе ја посетат за да се информираат и за нивната здравствена состојба. Уште тројца изгореници од Скопје со авион се пренесени во воената болница 401 во Атина.
Извор и фотографија: RadioMe