Познатата бугарска пејачка Рени објави фотографии со Саша Поповиќ и емотивно се прости од основачот на „Гранд“ и најголемиот шоубиз магионичар.
Пејачката истакна дека благодарение на него стекнала голема популарност во Србија.
– Саша Поповиќ, тој е човекот на кој му ја должам кариерата во Србија. Тој веруваше во мене и ми даде извонредна можност да ги создадам моите најголеми хитови. Тој има клучна улога во мојот успех во странство. Со голема тага дознав дека тој повеќе не е со нас! Почивај во мир Саша“, напиша Рени на Инстаграм.
Рени во доцните 1990-ти и почетокот на 2000-тите стана едно од најпознатите имиња на српската музичка сцена благодарение на соработката со Гранд продукција, а особено се истакна дуетот „Мерцедес“ што го сними со Ера Ојданиќ.
Во тоа време сите мислеа дека Рени му е љубовница на Саша, но тие беа само соработници.