Ургентен центар, реконструкција на одделенија и апарати во вредност од над 100 милиони денари за штипската Клиничка болница, најави директорот д-р Владко Захариев:
- Следна градежна активност е адаптација на модуларната болница за амбулантите од Мој Термин. Во скоро време ќе се почне процедура за адаптација на Ургентниот центар. Имаме и други реконструкции, како што е кровот на Инфективното одделение, во блиска иднина ќе има реконструкција во физикалната терапија, ќе се подобрат условите за амбулантите и соблекувалните за пациентите, тоа се градежните активности што ги планираме за оваа година, вели Захариев.
Во однос на апаратурата, акцент ќе се стави на повеќе клучни апарати:
- Чекаме одобрение за да можеме да распишеме јавна набавка за дензинометар, тоа е апарат за дијагностика на остеопороза. Имаме неколку апарати за Анестезија и интензивно лекување, апарати за операција, респиратори, транспортни респиратори и ќе има многу други апарати планирани за 2025. Над 100 милиони денари ќе чинат сите овие апарати, повлекува Захариев.