Советничката група на СДСМ во Штип на денешната прес конференција побара парцелата кај штипјани позната како „Печурки“ да се изгради државна станбена зграда со гарантирана цена од 1000 евра од метар квадратен:
- Цените на становите за метар квадратен во Штип драстично пораснаа и истите не одговараат на стандардот и можностите на граѓаните, па на оние на кои им е најнеопходно решавање на станбеното прашање, не можат да си дозволат ниту гарсоњера. По преземањето на локалната власт од страна на ВМРО ДПМНЕ, штипската јавност ја брануваа низа скандали околу продажбата на една од најголемите парцели. Парцелата во Автокоманда, позната како „Печурки“, каде што според ДУП-от е предвидено изградба на зграда од 18 ката и приземје. Советничката група на СДСМ на денешната седница бара оваа седница да не биде повторно во Програмата за располагање со градежно земјиште на општина Штип за 2025 година. Имено, по најавите на министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, дека ќе се интервенира во цените на становите, односно државата ќе гради комерцијални и социјални станови, чија што цена ќе биде гарантирана од илјада евра за метар квадратен, бараме оваа парцела согласно законските регулативи да биде предадена на ЈП за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, каде што би се изградиле станови по загарантирана пониска цена. На овој начин општина Штип и градоначалникот Јорданов би ги негирале шпекуалциите дека продажбата на една од најскапите парцели во истокот на Македонија не беше поништена поради превирања помеѓу члениците на ДПМНЕ и ќе се спротивстави на градежната мафија во Штип, а со ова ќе покаже дека за него е важен интересот на граѓаните, вели Маријана Рогожарска Поповска, координатор на советничката група на СДСМ во советот на општина Штип.