Музика, емоции и солзи, таков беше вчерашниот концерт на поп-пејчот Јоце Панов, кој се одржа во полната сала на Македонската пера и балет, а со кој прослави 25 години од неговата песна.
Со песна Јоце им се оддлжи на сите дами, кои од него добија роза, по повод Денот на жената. Јоце и имаше две гостинки на концертот, Наде Талевск и неговата сограѓанка, штипјанката Зуица Лазова, кои ј надополнија атмосферата со песни од репертоарот на Јоце за македонскиот и српскиот пазар.

Бакнежи и радости имше кога на сцена се појави неговото синче кое има само пет години, а кое запеа со него и на крај го бакна тато. Но, солзи потеко и од Јоце, но и од публиката на баладата „Црна земја“, која Јоце ја посвети на неговата почината мајка.
Каква беше атмосферата погледнете низ фотографиите:


