Летот на „Американ ерлајнс“ од Хјустон до Феникс бил одложен во понеделникот откако патничка се соблекла гола и трчала околу кабината 25 минути.
Неодамна се појави снимка од жена, патничка во авион, која со голи гради „пардира“ во авионот, на запрепастување на останатите патници.
Кога кабинскиот екипаж сфатил што се случува, авионот бил пренасочен и вратен назад, по што обезбедувањето влегло внатре и ја привело голата жена.
Таа е пренесена во болница, а по психијатриска евалуација ќе се одлучува дали ќе биде поднесена пријава.
-Локалната полиција го пречека авионот на летот 733. Им се извинивме на другите патници за доцнењето, а нашите службеници работеа да ги пренесат до нивната дестинација што е можно поскоро – соопштија од авиокомпанијата.
Останува нејасно што ја поттикнало неименуваната жена да постапи на овој начин, иако има информации дека таа наводно побарала да излезе од авионот и викала дека е ментално болна.
Некои патници тврдеа дека таа се обидела да влезе во пилотската кабина пред да дојде обезбедувањето.
-Се сврте кон нас и се соблече. Потоа ја удри вратата на пилотската кабина. Беше застрашувачко“, рекол еден од патниците, пренесува Дејли Меил.