Пратеникот на Движење ЗНАМ, Миле Цеков на денешната прес-конференција информира дека нивната пратеничка група ќе достави иницијатива до Министерството за животна средина и до Владата каде бараат Планината Беласица да се прогласи за заштитно подрачје категорија 5, односно заштитен предел согласно Законот за заштита на природата.
-Имено, оваа наша иницијатива ја засноваме на неколку факти. Планината Беласица која се наоѓа во југоисточниот регион на нашата држава и која припаѓа на три држави. Во Република Грција, таа е прогласена за Национален парк, а во Република Бугарија за заштитено подрачје. Меѓутоа, во Македонија се уште досега немало политичка волја да се прогласи за заштитени подрачје.
Тој потенцира дека во прилог на нивната иницијатива ја доставиле и валоризираната студија на група експерти поддржана од УНДП за потребата од прогласување на Планината Беласица за заштитено подрачје. Нагласи дека Планината Беласица располага со големо природно и културно богатство, огромен потенцијал за развој на еко-руралниот туризам, рече Цеков.
Тој е убеден и верува дека нивната иницијатива ќе биде поддржана од страна на Владата.
Во однос на законските измени во однос на минималната плата од СДСМ, Цеков потенцира дека тие се уште немаат изградено став, нагласувајќи дека Движењето ЗНАМ работи и се грижи за работниците. Потенцира дека се и во секојдневна координација со синдикатите.