Екс шефот на скопското јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, кој е суспендиран, денеска информираше дека поднел кривична пријава за злоупотреба на службената положба против Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, но и други обвинители.
-Денеска поднесов кривична пријава против Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Република Северна Македонија, Татјана Кацарова, јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски, Виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири, член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 од Кривичниот законик, се вели во објавата на Хајрулахи.