Денеска штипското јавно комунално претпријатие „Исар“ додели 126 канти за отпад на ранливи категории на граѓани: пензионери со ниски пензии и лицата со попреченост.
- На дел од жителите на улиците „АСНОМ“ и „Панко Брашнаров“, кои гравитираат на потегот кон Мирјанина црква бесплатно им доделуваме вкупно 126 канти, односно 126 семејства денеска ќе добијат бесплатни канти за одлагање на комуналниот отпад, вели Александар Арсовски, директор на ЈП Исар.
Досега вкупно се доделени 1.216 канти за отпад.
Инаку, Штип е еден од градовите со поунапреден механизам за селекција на отпад, со присуство на приватна компанија која постави контејнери за хартија, стакло и елетронски отпад на повеќе локации. Со изградбата на регионалната депонија во Мечкуевци, управувањето со отпадот би требало да се доближи до европските стандарди.