Млад човек, доживеал „незгода“ затоа што во автобус во Белград го заборавил подарокот за својата сакана, која сакал да и го подари вечерва.
„Заборавив букет со слика и кутија чоколади, подарок за Свети Трифун, во втобусот 37, ако некој го нашол ве молам да ми се јави“, стои во објавата на Инстаграм страната на Дневнадозабеоград.
Иако под објавата се појавија смешни коментари, искрено се надеваме дека чесен пронаоѓач ќе стапи во контакт со оваа личност и ќе му даде подарок за една многу важна дама. Затоа што, во денешното време на емоционална скржавост, некој кој е толку романтичен и искрен заслужува само аплауз!