Според она што го пишуваат дел од медиумите, уапсен е Раде Трајковски-Штекли при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.
Според пишувањата, оваа акција на МВР следува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.
Штекли се сомничи за трговија на дрога. Тој наводно предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства, пишува 360.
Подоцна за истиот портал од
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.
Оттаму додаваат дека попладнево на повеќе локации се вршат претреси.
По наредба на ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси н повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрог, се вели во инфомрацијата од ОЈО ГОКК.