За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми.
На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (АФАД).
Muğla'da Eğitim ve Araştırma Hastanesi'ne çarpan helikopter boş alana düştü; olay yerine itfaiye, sağlık, polis ve AFAD ekipleri sevk edildi https://t.co/6G2rRIrGSK pic.twitter.com/56mo00LZq8
— Anadolu Ajansı (@anadoluajansi) December 22, 2024
Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис Акбик, излегол на местото на несреќата и за турските медиуми потврдил дека животот го загубиле двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.
Тој изјави дека во целиот регион има густа магла и потврди дека „нема никакви проблеми во болницата по авионската несреќа“. МИА