Како што пренесуваат германските медиуми, Талеб А.(50) кој изврши терористички напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, бил позитивен на наркотици.
По трагедијата на божиќниот саем во Магдебург, германскиот весник „Билд“ од полициски извори дознава дека Талеб А.(50) наводно бил под дејство на дрога. Неговиот првичен тест бил позитивен.
Станува збор за докажан метод кој полицијата го користи како прв чекор во откривањето на можна употреба на дрога од страна на криминалци или пијани возачи. Плунката се зема со стапче и се капе на тест лентата. Различни бои потоа покажуваат за кој наркотик се работи.
Achtung!! Sehr sensitiv!! Diese Aufnahme zeigt den mutmaßlichen Anschlag in Magdeburg. https://t.co/UtLaIF8Mb7
— Mayhem Merkel (@mayhemmerkel) December 20, 2024
Тестот на плунката може да открие консумација на дури седум видови дроги, вклучувајќи канабис, опијати, кокаин, амфетамини, метамфетамини (МДМА, екстази) и бензодиазепини.
Да потсетиме, доктор по потекло од Саудиска Арабија уби најмалку пет лица кога со својот теренец BMW X3 влетал во посетителите на божиќниот саем во Магдебург во петокот навечер, пренесува блиц.рс.