На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа колекција од луксузни автомобили кои му припаѓале на соборениот сириски претседател Башар ал Асад. Освен тоа, на видеата се гледа како бунтовниците ја ограбуваат неговата луксузна вила и земаат пари, но и кутии на Луј Витон од Централната банка.
На видеото се гледа дека автомобилите биле складирани во гаража во близина на претседателската палата во Дамаск, јавува Си-Ен-Ен, наведувајќи дека во колекцијата на Асад има повеќе од 40 луксузни возила, пренесува блиц.рс.
90% of Syrians are under poverty line. Meanwhile, this is a small section of Assad’s garage. pic.twitter.com/4HROOfxjTN
— Hassan Akkad حسان عقاد (@hassan_akkad) December 8, 2024
Меѓу автомобилите е црвено „ферари“ Ф50, кое вреди повеќе од три милиони долари, потоа „ламборџини“, „ролс ројс“ и „бентли“, а најмалку едно од возилата е со таблички од Дамаск.
На социјалните мрежи беа објавени и снимки од рацијата во кујната на Асад, каде што бунтовниците пронајдоа рецепти со кои готвачите подготвуваат оброци за семејството.
🇸🇾 MEET THE NEW SYRIAN MILLIONAIRES!
Syria’s Central Bank is being looted in Damascus and people carry out huge bags of money and valuables.
The smart people did not go to Assad’s palace for chandeliers, but to the bank for cash and gold! pic.twitter.com/hmPFagIEuh
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 8, 2024
-Храна за госпоѓата: Не сака спанаќ – нема повеќе да го готвиме. Утре ќе готвиме лосос или риба – гласела една белешка во тетратката, пренесува Си-Ен-Ен. Исто така, беа објавени видеа на кои се гледа како бунтовниците и граѓаните земаат вреќи полни со пари од Централната банка.
На снимката со која располага Ројтерс се гледаат луѓе како влегуваат во претседателската палата, додека децата трчаат по огромните соби, а мажите туркаат голем ковчег преку луксузниот паркет.
Watch: Inside the private residence of Syrian President Bashar al Assad hours after he fled the country.
Live updates: https://t.co/OTbVB2OuQS
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/1IP93whGU2
— Sky News (@SkyNews) December 8, 2024
Може да се видат неколку мажи од палатата како носат елегантни столчиња на рамениците. Ограбени се шкафовите во магацинот, а бројни предмети се расфрлани на подот.
Се појавија и видеа на кои се гледа како бунтовниците и граѓаните упаднале во гардеробата на Башар ал Асад и неговата сопруга Асма, позната по својот луксузен начин на живот и одземаат скапа облека.
По подот се расфрлани чаршафи и ќебиња, а маж ги изнесува познатите портокалови кутии „Луј Витон“.
A Louis Vuitton trunk was just found in one of Assad’s homes. It costs $46,500 pic.twitter.com/LPcqH10tjp
— Ola Salem (@Ola_Salem) December 8, 2024