РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Одржување на електронски системи: Извршување редовно одржување и поправка на електронска опрема, како што се сензори, контролери и комуникациски уреди.
- Превентивна детекција на дефекти: Врши редовна инспекција и тестирање на електронски уреди за да се детектираат потенцијални дефекти пред да настане поголем проблем.
- Замена на електронски компоненти: Спроведување замени на дефектни електронски компоненти, како што се микрочипови, транзистори, кондензатори и отпорници, според упатствата и работните налози.
- Калибрација на опрема: Врши калибрација на мерења и електронски инструменти за обезбедување точност и сигурност во нивното функционирање.
- Инсталација на нови уреди: Монтирање и конфигурирање на електронски системи и автоматизирана опрема согласно техничките спецификации.
- Програмско ажурирање: Спроведување ажурирања на фирмвер и софтвер кај електронските системи за оптимизација на нивното работење.
- Извештаи и документација: Водење евиденција за извршените проверки, интервенции и заменети компоненти.
- Применување на безбедносни мерки: Обезбедување дека сите електрични активности се извршуваат согласно прописите за безбедност и заштита при работа.
- Извршување дополнителни задачи:Спроведување на други активности според налогот на претпоставениот за кои поседува соодветна обука и компетенции.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно стручно образование (Електроника и автоматика);
- Пожелно претходно работно искуство за бараната позиција;
- Способност за тимска работа;
- Возачка дозвола В категорија се смета за предност;
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
- Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Од понеделник до петок во временски период од:
- 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Електроничар 1ва група во Служба КИПиА”. Краен рок за поднесување на апликации: 29.11.2024 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. |