Во Северна Каролина се случила неверојатна приказна во која главната улога ја имал столарот Џери Хикс. Според Си-Ен-Ен, се започнало кога на паркингот нашол банкнота од 20 долари (нешто помалку од 20 евра), а потоа ги следел инстинктите и отишол во блиската продавница за да купи лотарија. Оваа спонтана одлука му донесе повеќе отколку што можеше да замисли, пренесува нова.рс.
Хикс најпрво сакал да го купи лозот што вообичаено го избира, но во продавницата му било кажано дека моментално нема. Решил да си ја проба среќата со уште една лотарија Extreme Cash, а кога го изгребал доживеал шок – освоил не само неколку стотици или илјадници долари, туку цел милион, пренесува Н1 Словенија.
Минатиот петок Хикс ја прими својата награда. Тој ја избрал опцијата за еднократно плаќање во готово, што значи дека му остануваат околу 429.000 долари или околу 398.000 евра по оданочувањето. Во интервју за тамошните медиуми тој откри дека веќе има јасни планови како да го потроши овој неочекуван приход. Дел од парите ќе им ги даде на децата, а остатокот ќе му овозможи конечно да се пензионира по долги 56 години работа како столар.
„Но, прво, да одиме некаде каде што ќе можеме да јадеме добро“, рече низ насмевка, среќен што може да ја прослави оваа посебна пригода со своите најблиски.