Тело на млад маж со прострелна рана е пронајдено вчера попладне по 16 часот во близина на штипското село Пиперово, потврди полицијата.
На терен излегоа истражни екипи и дежурен јавен обвинител, извршен е увид по што телото е предадено на обдукција, соопшти Обвинителството.
Засега е потврден случајот, но повеќе детали се очекуваат во текот на денот, додека за причините на смртта се очекува од извештајот од обдукцијата.