Остатоци од телото на 74-годишната Драгица Ристевска од Штип се пронајдени во дол во месноста Липов Дол, на само 4-5 километри од првите куќи во градот. Ристеска исчезна на 19 јули од тогаш не престанаа потрагите и од семејството и од полицијата, но и останати граѓани и организации.
Групата предводена од членови на семејството телото на жената го нашле во распаѓање. Според информациите од СВР Штип, претпоставка е дека несреќната жена, која боледуваше од Алцхајмерова болест, залутала и при талкањето влегла во долот, но не успеала да излезе.
Гладна и жедна, животот го завршила во долот, додека најблиските не престанаа да ја бараат.
Да потсетиме, во изминатиот период полицијата организираше неколку потери во кои учествуваа и кучиња трагачи, двапати се пребаруваше со дрон, била ангажирана и полицијата од Радовиш, која го пребаруваше радовишкиот дел. Алармирани беа и ловџиите, планинарите и останатите граѓани кои ја посетуваат планината.
Остатоцит од телото на Ристевска ќе бидат погребани денеска во 13 часот на Градските гробишта во Штип.