Денес почнува судењето на Филипо Турета (22) во Венеција за бруталното убиство на неговата поранешна девојка, студентка по биомедицинско инженерство на Универзитетот во Падова, Џулија Чечетин (22) со десетици убоди. Станува збор за случај од есента минатата година што ја потресе Италија.
Обвинетиот Турета не се очекува да присуствува на првото рочиште во понеделник во Венеција, кое ќе се фокусира на технички прашања.
Според официјалната статистика, една жена се убива на секои три дена во Италија, земја претежно католичка каде што сè уште постојат традиционалните улоги на мажите и жените, а сексистичкото однесување на мажите често се минимизира.
Џулија Чечетин, која требаше да ја добие дипломата неколку дена по нејзината смрт, беше пријавена за исчезната на 11 ноември. Нејзиното тело беше пронајдено на 18 ноември во јама во близина на езерото Барцис, околу 120 километри северно од Венеција.
На главата и на вратот имало траги од повеќе од 70 убоди, пишуваат медиумите кои се повикуваат на наодите од обдукцијата. Филипо Турета беше уапсен на 19 ноември во Германија и сега се соочува со доживотна казна затвор.
Пред да ја убие брутално, Џулија Чечетин сфатила дека нејзиното поранешно момче Филипо Турета е опасно. Тоа го докажуваат пораките кои ги размениле.
„Ти си опседнат, ти си психопат. Ме плашиш“, беше една од пораките што ја напиша 22-годишната девојка која беше убиена во ноември откако реши да ја прекине врската.
Сакаше да знае дали Џулија се гледа со некој друг. Таа се обиде да го држи на дистанца, и покрај заедничкото попладне во трговскиот центар, каде што избраа комплети за дипломирање.
„Ја удирав насекаде, рацете, вратот, лицето, градите, задниот дел од главата“, рече Турета на вкрстено испрашување, имитирајќи ги движењата со неговите раце. „Во тој момент бев во мала паника, не можев повеќе да издржам. Сфатив дека ја пикнав во очи и тоа премногу ме исплаши, па застанав“. Кога ја стави назад во Фиат Пунто, Џулија повеќе не дишеше, прнесува индекс.хр.