По многу шпекулации, наводи, претпоставки, се чини дека разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е конечен.
Како што пишува Дејли Мејл, пријателите на славниот пар потврдиле за Дејли Мејл дека парот повторно се обидува да се разведе по последниот неуспешен обид за помирување во последните недели, пренесува Б92.
„Документите за развод на парот се комплетирани, но се уште не се поднесени“, ја потврдија оваа вест повеќе извори.
Документите за развод беа завршени пред еден месец, но двајцата чекаат вистинско време да ја објават веста“, тврди извор близок до парот.
„Потоа ќе објават заедничка изјава во која ќе кажат колку се сакаат и како се бореле, но не успеале“, додал изворот.