Владата донесе повеќе кадровски одлуки и тоа:
-.Хасим Муртезани e именуван за заменик на Генералниот секретар на Владата на РСМ, Павле Трајанов e именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Блерант Рамадани е именуван за Национален координатор за примена на
нови технологии. Солза Грчева е именувана за Национален координатор за реформи во
високо образование. Фатон Фазлиу е именуван за в.д. директор на Управата за водење на
матични книги, орган во состав на Министерството за правда. Африм Ќоку е именуван за в.д. директор
на Државниот девизен инспекторат. Арсим Идризи е именуван за в.д. директор на Инспекторатот за употреба на јазиците. Бехар Емини е именуван за в.д. директор на Фонд за осигурување на депозити.
Дејан Станков е именуван за в.д. директор на Државен завод за статистика. Афрона Вервизоли е именувана за в.д. главен ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Неџмедин Садики на предлог на Министерот за енергетика, рударство и минерални суровини е именуван за в.д. директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви. Маја Ковачева е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за лекови и медицински средства. Бејтула Камбери е именуван за в.д. директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Кујтим Ибиши е именуван за в.д.
директор на Управата за финансиско разузнавање. Башким Бакиу е именуван за в.д. директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје. Маре Богева-Мицовска на предлог на министерот за финансии, е именувана за в.д. директор на Биро за јавни набавки. Игор Лазаревски е именуван за директор на Управата за
хидрометеоролошки работи. Наташа Котлар е именувана за в.д. директор на Државен архив на РСМ
Димитар Богески е именуван за в.д. заменик на директорот на Државен архив на РСМ. Наим Љамалари е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес, Иво Николов на предлог на членовите на Управниот одбор на Фондот за
иновации и технолошки развој е именуван за претседател на Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој. Никола Додов на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и
технолошки развој е избран за в.д. директор на Фонд за иновации и технолошки развој. Даниела Станковска Плачковска е именувана за в.д. директор на Агенцијата за филм на Република
Северна Македонија.
На Наумче Мојсовски, му се утврди престанок на функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт согласно закон.