Македонија гори! Само вчера имало 66 пожари. Граѓаните од неколку градови од утрово упатуваат апели за самоорганизирање за гаснење на пожарите.
Но, колку можат тие да помогнат со голи раце и дали се планира прогласување на вонредна состојба директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели:
-Вчера имаше 66 пожари, активни се 12 пожари. Горат и депонии, кои не треба да се потценуваат, како вчера во Дојран кога се запали депонија и можеше да се случи трагедија, беа зафатени неколку блиски куќи. Пожарот во Дојран е уште активен но не е загрозен градот, рече тој и додаде:
-На ниво на држава состојбата е тешка, но не е алармантна. Апелирам до граѓаните да не излегуваат со непотребни апели за собирање луѓе, имаме доволно припадници на полицијата и армијата и ако некаде тоа го побараат локалните авторитети, градоначалниците или командирите на локалните противпожарни единици, ние може да испратиме токлу војска и полиција колку ќе побраат.
Граѓаните не секаде може да бидат од корист, напротив некаде може да пречат во работење на професионалните служби. Граѓаните може да бидат корисни во одбрана на населените места, како во синоќешниот случај кога постоеше мала можност огнот да дојде до пехчево. Во гаснењето на пожари граѓаните не треба да учествуваат, рече Ангелов.
Ангелов рече дека предложиле до Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам.
-Апелирам да не се создава непотребна паника. Денес имавме седница на управувачкиот комитет и донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош, преку кој можемеда бараме помош во искусни пожарникари. Во овој момент нема потреба, но може да се појави. Рано утрово полетаа два хелихоптера кон пехчево и се гаси пожарот, а за кратко ќе полетаат и „ер тракторите“ и полициски хелихоптер, рече тој.
Кој ги предизвикува пожарите и кому му е во корист Македонија да биде во опасност Ангелов посочи:
-На седницата фокус поставивме и на причините и мотивите за енормниот број пожари. Доколку има одредени индиции дополнително ќе информирме. Пожари кои во моментов се најсериозни е пожарот кај Пехчево, каде има многу жива сила на терен, градоначалникот ја држи состојбата под контрола. Пожарот кај Старо Нагоричане, кај селата Малотино и Жегљане. Пожарот кај Кратово, кај селото Татомир. Пожарот кај Македонски брод, кој гори со денови и ги загрозува селата Дражево и Брезница. Кај Свети Николе, кај селата Макраши и Горно и Долно Ѓуанци и кон Коани. Во Куманово во Кшање и Кокошиње и уште неколку, рече тој.