Македонија во Париз ќе настапи со шест спортисти: Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка), Дарио Ивановски (атлетика, маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил), Еди Шерифовски (џудо) Милијана Рељиќ (таеквондо).
Знамето на отворањето го носеа Милијана Рељиќ и Дарио Ивановски.
Македонската делегација на бродот кој пловеше по Сена беше заедно со делегациите на Луксембург и Мадагаскар.