Витаминот Е е најпознат по своите антиоксидативни својства кои придонесуваат за намалување на оштетувањата од слободните радикали и ги заштитуваат клетките. Иако може да се најде во редовните додатоци на исхраната, многу компании го додаваат витаминот Е и во своите козметички производи, а истражувањата сугерираат дека овој витамин може да ја направи косата поздрава – пишува Healthline.
Добрата вест е дека витаминот Е е лесно да е добие преку избалансираниот начин на исхрана. Всушност, недостигот на овој витамин е исклучително редок бидејќи повеќето луѓе во текот на денот го добиваат во доволна количина од храната.
Сепак, оние кои го немаат доволно може да се соочат со опаѓање на косата.
Јаткастите плодови, лиснатиот зеленчук, маслиновото и сончогледовото масло се некои од најбогатите извори на витамин Е.
Исто така, тој се наоѓа и во месото, но и во житарките.
Во продолжение прочитајте кои се петте придобивки за косата од овој витамин.
Го спречува опаѓањето на косата
Истражување направено во 2010 година покажува дека додатоците со витамин Е го подобруваат растот на косата. Се смета дека антиоксидативните својства на овој витамин би можеле да го намалат оксидативниот стрес во скалпот кој е поврзан со губењето на косата.
Ја подобрува циркулацијата на скалпот
Витаминот Е може да ја подобри циркулацијата на крвта, а тоа е директно поврзано со подобрување на здравјето на косата.
Создава заштитна бариера
Витаминот Е е важен за создавање заштитна бариера на површината на кожата. Оваа бариера помага во задржување на влагата, а сувата и надразнета кожа може да биде знак за недостигот на витаминот Е.
Влијае на сјајот
Кога заштитниот масен слој од надворешната страна на кутикулите на косата ќе се отстрани, таа го губи својот сјај и е тешка за обликување. Маслото богато со витамин Е може да помогне да се замени тој заштитен слој и да се врати сјајот.
Го подобрува здравјето на скалпот
Витаминот Е е неопходен за здрава кожа, а тоа го вклучува и скалпот. Лошото здравје на скалпот е поврзано со лошиот квалитет на косата. Витаминот Е го поддржува скалпот и ѝ дава на косата силна основа за раст преку намалување на оксидативниот стрес и зачувување на заштитниот липиден слој.