Суат Саќипи, координатор за општина Студеничани и член на раководството на Алијансата за Албанците предводена од Арбен Таравари, е предложен за заменик директор на Центарот за управување со кризи. Според најавите, Владата на Северна Македонија се очекува на овонеделната седница да ги именува првите директори во повеќе дирекции, агенции и инспекторати.
Медиумите на албански јазик за Суат Саќипи пишуваат дека е дипломиран новинар на Универзитетот во Тирана, специјализиран за дипломатија на Дипломатската академија на Албанија. Има богато искуство во повеќе локални и регионални медиуми. Работи и како советник во Советот на Општина Студенчани.
Саќипи би требало да стапи на функција во време кога државата се соочува со огнена стихија на повеќе места, при што се ангажираат сите ресурси, знаења, а побарана е помош од странство. При тоа, првата улога ја има Центарот за управување со кризи и стручноста на луѓето внатре.