Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку националниот парк „Галичица“, информира регионалниот ЦУК Охрид.
Според екипите што се на терен на местото на настанот има две починати лица.
Екипа на МВР Охрид, планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.