Ако се уште размислувате со која техника годинава да ги бојадисате јајцата за Велигден, ви предлагаме да употребите едноставен метод за бојадисување со памук. Се работи за брз и едноставен начин на бојадисување, а се’ што ви треба е поголемо парче памук и течни бои за јајца.
Парчето памук треба да биде доволно за да може со него да се опфати целото јајце, а потоа нанесете боја по ваш избор. Доколку пак имате памучни туфери, прво ставете фолија, па врз неа наредете неколку туфери еден до друг, а потоа врз нив ставете боја.
Потоа ставете го јајцето врз памукот, завиткајте го од сите страни и тапкајте го. Почекајте 15 минути, а потоа извадете го јајцето и премачкајте го со масло за дополнителен сјај.
Резултатот ќе биде доста импресивен – ќе добиете прекрасни шарени јајца!