Mаж(30) од Пинел де Браја, Шпанија, загина на крајно бизарен начин кога во глава го удрило црковно ѕвоно за време на ѕвонењето на прославата во градот.
Младиот човек се качил на камбанаријата за да помогне во ѕвонењето на камбаната, што е традиција на градската слава, но погрешно го пресметал просторот и добил тежок удар во главата, кој подоцна се покажал како фатален.
Според локалните медиуми, 30-годишен маж кој живее во Барселона дошол во Пинел де Браја да ја прослави славата на градот бидејќи неговото семејство е од таа област.
Тој сакал да учествува на свеченостите по повод празникот, но за жал починал.
По ударот, мажот останал без свест, а случајните минувачи се обиделе да го реанимираат пред да пристигне лекарската помош, но сите напори биле залудни.
Лекарите по повикот многу брзо пристигнале на местото на настанот, но можеле само да констатираат дека мажот е мртов, пренесува телеграф.рс.