Поранешниот премиер и претседтел, Бранко Црвенковски јаомажи ќерката, а свадбата беше вчера вечерта во познат скопски хотел.
На свадбата, која била традиционална, со одење по невестата, присуствувале многу роднини и пријатели, кои се воодушевиле од невестата, која била многу убава и елегантна. Веселбата почнала со танц на младенците, а нивна песна била „Љубовта е моја религија“, дует песна на Каролина Гочева и Владо Јаневски.
Марија се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер, сега веќе сопруг Дамјан.
Црвенковски со сопругата Јасна го имаат и синот Љупчо, кој веќе е женет, од која во 2022 година добија внук. Медиумите тогаш шпекулираа дека внукот ќе го носи името на дедото.
Фото: Скриншот