Холивудската актерка Глен Клоуз сака да ја посети Македонија поради филмот „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски.
Таа во промотивното видео по повод доделувањето на Оскарите беше прашана кој филм ја инспирира за да посака да посети некоја земја.
– Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара. Многу работи се случувале таму. Никогаш нема да го заборавам – рече Клоуз.
Филмот на Манчевски во 1994 година беше номиниран за Оскар. Овој филм ја доби и престижната награда Златен лав за најдобар филм на фестивалот во Венеција.