Британската пејачка Адел (35) објави дека ги одложува следните десет концерти од нејзиниот проект во Лас Вегас бидејќи има здравствени проблеми.
„За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, напиша таа на својот инстаграм-профил.
„Бев болна пред и за време на целата пауза. Не добив шанса да се опоравам пред да продолжат концертите и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас“, објаснила пејачката.
Нејзиниот лекар ѝ сугерирал да ги откаже концертите со цел да ги спаси гласните жици.
Адел го почна нејзиниот концертен серијал „Викенди со Адел“ на 18 ноември 2022 година, а беше планирано да заврши на 15 јуни годинава.