Газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Бељуљи доби четири години затвор, на одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари судот досуди шест години, за тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓоргиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски затвор од по пет години, а возачот Мануел доби Трифуновски затвор од 14 години.
На сите обвинети во казните им се пресметува времето во притвор, а сите обвинети добија забрана за вршење професија или дејност од по пет години. Освен тоа секој поединечно треба да плати по 10.000 денари и на оштетените да им ги надоместат трошоците за оваа постапка.
Ова се пресудите за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници а над 30 се повредени.
Наскоро повеќе…