На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен.
Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген.
Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген.