Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов, на социјалните мрежи пишува дека на, за денес најавениот протест во Тетово против крстот на Попова Шапка, не се појавил безмалку никој.
„Благодарност до нашите сограѓани Албанци кои не дадоа поддршка на рушењето на крстот и со тоа покажаа почит кон нашите верски чувства. Најдобро за државата, најдобро за Македонија, најдобро за Македонците, Албанците и сите останати граѓани би било кога во претстојната политичка битка не би се злоупотребувале верските чувства и меѓуетничките односи“, пишува Ангелов на Фејсбук.
Тој го повика градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами да го поништи провокативното и незаконско решение за отстранување на крстот.