Ратка Куновска камчева, мајка на Орце Камчев и неговите фирми „Систина Лајф Кеар Центар“, „Орка Холдинг“, „Бет сити“, „Орка Фајнанс“ и „Камчев консалтинг“, се ставени на т.н американска црна листа, соопшти попладнево американското Министерство за финансии.
На оваа листа се најдоа и бизнисменот Сергеј Самсоненко со неговата сопруга Ирина.
Ова на Фејсбук го објави американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер, а во објавата истакна дека соопштението е предупредување за поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот, па затоа САД бараат одговорност од корумпираните актери.
-Оваа ознака е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство, напиша во објавата Агелер.
Американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер во објава на Фејсбук истакна дека соопштението е предупредување за поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот дека САД бараат одговорност од корумпираните актери.
-Оваа ознака е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство, напиша во објавата Агелер.
„Денешното соопштение е предупредување за поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот дека Соединетите Држави бараат одговорност од корумпираните актери. Оваа ознака е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство“, напиша амбасадорката Агелер и го постираше официјалното соопштение од Министерството за финансии.
соопштението прочитајте го тука.