„Љубов моја, не можам вечер, ме боли глава“, е реченицата која ги распара машките уши. Обично се сметаше за „типично женско клише“ бидејќи посилниот пол отсекогаш бил убеден дека се работи за избегнување на интимни односи, пренесува мондо.рс.
Едно истражување во кое учествувале 1.001 возрасен над 18 години, покажа дека се повеќе мажи ќе ја поминат вечерта со пијалок пред да спијат наместо страсна ноќ со својата партнерка.
Речиси половина од мажите навечер стануваат сè поуморни и премногу под стрес за да мислат на какви било авантури во кревет. Во споредба со половина од мажите, овој тип на вечерно нерасположение влијае само на една третина од понежниот пол. Три четвртини од мажите тврдат дека нивните животи се многу постресни во споредба со пред пет години.
Ова резултира со 63 отсто од нив да страдаат од главоболки кои се јавуваат токму кога е време за спиење. Д-р Ерик Сигман е специјалист кој го проучува влијанието на стресот врз жените и мажите од модерното доба. „Мажите се однесуваат како „сунѓери за стрес“, потиснувајќи ги нивните секојдневни проблеми, па во тоа време страдаат од главоболки и ја заменуваат страста за пиење“, вели докторката.
Тој додава дека жените се повеќе склони да си одат дома после работното време и да разговараат со партнерот за стресните ситуации низ кои поминале во текот на денот. “Самиот чин на доверување на некој проблем прави жената да се чувствува подобро. Сепак, мажот само ќе ги преземе проблемите на партнерката и ќе ги додаде на своите. Гледајќи го сето ова како уште еден проблем кој бара решавање едноставно значи зголемување на неговиот стрес”.